Македонија
23. јуни 2022 - 12:26

Отворање на 21-то издание на „Битола отворен град“

Под слоганите „Градот е сега и овде“, „Градот не е нем“, „Градот се журка“, „Градот се сака“, „Градот е отворен“ по 21 пат ќе се одржи Битола отворен град. 

Основната цел на овој фестивал две децении е интеркултурната соработка и промоција на урбаната култура. Оваа година со поинаков концепт, посветен на новите генерации.

-Секогаш сакаме да бидеме оригинални и да понудиме нешто ново, оваа година се консултиравме со нашата целна група, генерацијата Z, која ги користи социјалните мрежи на еден поинаков начин, повеќе за комуникација отколку за давање на приватноста на јавноста. 

Во консултација е оваа програма. Очекуваме голема посетеност, изјави Златко Талевски, извршен директор на МКЦ Битола.

Фестивалот започнува вечерва и ќе трае до недела.

-Сакаме да го реафирираме дворот на МКЦ како културен простор, ќе имаме две вечери со битолски електронски артисти, утревечер промоција на книга, во сабота промоција на монографијата на Мизар. Сабота ќе има меѓународна безра на винили, а во недела завршуваме со заштитниот знак на БОГ, голем музички хепенинг, рече Талевски.

Сите настани на Битола отворен град ќе бидат отворени за сите, без влезници.