Отворање Етно одаја на Здружението „Арти крафт“

Здружението на уметници ракотворци „Арти крафт“ од Скопје, кое постои пет години, денеска ќе отвори Етно одаја во која ќе претстави носии од скопскиот регион, стари предмети од покуќнина, како и сувенири изработени од неговите членови.
Етно одајата е сместена во барака на ул. „23 Октомври“ бр. 4 спроти ОУ „Браќа Миладиновци“ во општина Аеродром. Се простира на 80 квадратни метри во три простории, во кои ќе има три изложби - на народни носии, сувенири и копаничарски предмети.
Народните носии што ќе бидат претставени во одајата се од Скопска Блатија и Скопска Црна Гора. Петнаесетина од нив се од приватната колекција на Достана Караѓозовска-Станковска, која е една од 26-те ракотворци - членови на ова здружение и која поседува богата збирка од над 150 носии.
ЗУР „Арти крафт“ ја збогатува збирката за Етно одајата по пат на донации на стари етно предмети кои не им се потребни на дарителите. Тие може да бидат подарени на трајно користење или привремено отстапени.
Во Етно одајата ќе има и едукативни работилници каде што во живо ќе бидат претставени стари занаети - ткаење на разбој, копаничарство, грнчарство, опинчарство, изработки со срма и слама, филигран, пирографија, плетење и нижење монистра...
Ново на Сител
-

Македонските институции и македонскиот здравствен систем соодветно се справи со трагедијата во Кочани
-

Томовски: По трагедијата во Кочани, како институции имавме должност да реагираме брзо, одговорно и солидарно
-

Мицкоски: Трагедиите не смеат да останат без одговори, општеството има право да ја знае вистината - им го должиме тоа на жртвите
-

Уапсен скопјанец, при претрес пронајден кокаин подготвен за продажба
-

Приведен 15-годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште
-

Нападната Амбасадата на САД во Ирак
-

Алиу: Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји
-

Шест лица приведени во акциска контрола во Карпош, пронајдена дрога
