Македонија
24. September 2016 - 10:58

Отстрането свлечиштето на патот Делчево-Македонска Каменица

Отстрането е свлечиштето што синоќа во 23:30 часот ги прекри двете сообраќајни ленти на патот Делчево - Македонска Каменица во близина на местото Белчанци во атарот на делчевското село Бигла.

Како што соопшти денеска Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), до целосното расчистување на свлечиштето во 01:30 часот ноќеска сообраќајот се одвивал по земјено проширување.