Македонија
25. December 2018 - 16:31

Отстранети шаторите на „Македонија блокира“, тие пријавиле кражба, Градот Скопје оценил дека се отпад

Отстранети се шаторите на граѓаните од Македонија блокира од пред законодавниот дом. Од граѓанското здружение тврдат дека кампот бил пријавен до Нова Година.Шаторите биле тргнати без никаква најава па затоа во полиција пријавиле кражба.

 Ако не ги вратат шаторите ќе ги тужиме за кражба. Ќе дадеме и наредба да се блокираат и останатите градови. 

Импровизираните кампови се отстранети од комуналните инспектори на градот скопје.  Оттаму велат дека камповите биле поставени илегално а ги затекнале празни и се што било во нив е третирано како отпад.

Протсторот во паркот жена борец е чист. Остана само железната ограда на средина од булеварот. Попладнево неколку граѓани повторно поставија знаме и маса на местото каде имаше шатори. Граѓанското здружение веќе неколку месеци протестира против постапката за  уставните промени во законодавниот дом .