Отстранети околу 50 кубни метри отпад од диви депонии во општините Центар и Чаир

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје подигнаа и транспортираа околу 50 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Центар и Чаир.
Како што информира ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје, екипите чистеле во непосредна близина на Градскиот стадион, каде се отстранети 10 кубни метри кабаст и отпад од пет-амбалажа одложени на јавни површини.

Во општина Центар се расчистени приближно 10 кубни метри непрописно одложен мешан комунален отпад од улицата „Тодор Александров“ - на потегот што води кон Средно Водно, како и 15 кубни метри градежен отпад одложен на тревна површина на булеварот „Гоце Делчев“, пред зградата на МРТВ.
Во општина Чаир, екипите подигнале приближно 15 кубни метри непрописно одложен градежен и кабаст отпад на булеварот „Крсте Мисирков“, како и на улицата „Ферид Мурат“.
Ново на Сител
-

По Венецуела, Трамп со отворена закана и за уште пет држави
-

Преглед на вестите од светот
-

Православните христијани денеска го слават Бадник, ден пред Христовото раѓање
-

Со македонската коледарска песна „Коледица Варварица“ коледарчиња утрово затропаа на вратите
-

Божиќно послание на г.г. Стефан: Се што доаѓа од Бога носи спасение и вечност
-

Преглед на вестите од светот
-

Бадникарски огнови вечерва низ цела држава
-

Бадникарски огнови вечерва низ цела држава
