Македонија
24. October 2019 - 18:31

Отстранет од работно место возачот на болничко возило кој возел под дејство на алкохол

Отстранет е од работно место возачот на болничко возило кој возел под дејство на алкохол во Кавадарци, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

МИА претходно објави дека казна заработил возач на болничко возило во Кавадарци,  поради управување под дејство на алкохол, потврдија од полицијата.

Казната на лицето кое управувало возило на ЈЗУ Општа болница Кавадарци му била изречена вчера, бидејќи управувало службено возило под дејство на алкохол.