-->
-->
Отпуштен министерот за одбрана на Казахстан, руските војници ја напуштаат земјата
-->

Четири авиони со руски припадници на мировните сили, испратени од Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), слетаа на аеродромот во Москва.
ОДКБ го одобри испраќањето на контингент со повеќе од 2.000 војници на 5 јануари, на барање на казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев, откако избија насилни немири.
Една недела по пристигнувањето на силите, Токаев на 13 јануари изјави дека ја завршиле мисијата и најави постепено повлекување.
Претседателот на Казахстан вчера го смени министерот за одбрана Мурат Бектанов, критикувајќи го за наводно „отсуство на раководство“.
„Не успеавме да го искористиме потенцијалот на армијата во критична ситуација поради несигурноста на раководството и бевме принудени да прибегнеме кон странска помош“, рече Токаев.
Протестите започнаа на 2 јануари во градот Алмати поради наглото зголемување на цените на горивото, но брзо се п роширија низ целата земја и прераснаа во демонстрации проследени со немири во кои загинаа повеќе од 220 луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сали: Нова апаратура стои по 7-8 години во магацин поради технички причини
-
Сали: Проектот за Клинички центар се дискутира 17 години, првичната идеја е од 2006 - 2007
-
Десната лента од автопатската делница Требениште-Охрид ќе биде готова во август, најави Бочварски
-
Шаќири се сретна со Македон и Или - деца генијалци
-
ФИФА ги одреди судиите за мундијалот во Катар, три дами на главната листа
-
Утре се игра финалето на фудбалскиот куп на Македонија
-
Татко го однел малолетниот син во Полициска станица откако ранил друг малолетник
-
Пукање во Сингелиќ: Рането едно лице