Македонија
10. November 2016 - 16:33
Отпечатен прв водич на Брајово писмо
Промовиран е првиот Специјален каталог-водич отпечатен на Брајово писмо наменет за слепи и слабовидни лица , во издание на Спомен домот Мајка Тереза.
Министерката за култура истакна дека ова е втор проект на Спомен-домот на Мајка Тереза кој им е наменет на лицата со посебни потреби.
Ова издание ќе овозможи слепите лица да осознаат повеќе за животот и делото на светицата Мајка Тереза-потенцира Жарко Селковски.
Каталогот е отпечатен со финансиска поддршка од Министерството за култура, а бесплатно ќе им биде даден на сите посетители на Спомен домот со оштетен вид, и на библиотеките и училиштата .
-
Марина Ристовска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
