Македонија
22. July 2015 - 20:39

Отомански јазик до сигурна работа

Отомански јазик до сигурна работа. Министерството за образование ќе ги стипендира сите оние кои ќе се запишат да студираат старотурски јазик.  Државата има потреба од таков кадар. Засега во земјава има само двајца преведувачи и толкувачи на отоманскиот јазик а архивата и материјалите од тој период  се обемни и неистаржени.По дипломирањето студентите ќе имаат загарантирана работа во Државниот архив, Институтот за национална историја и МАНУ.

-Поради то ашто балканот има птреба од ваков кадар, ни е по дипломирањето им гарантираме работно место но со услов 10 години да останат во земјава и да работат тука...

Отоманскиот јазик е мешавина од арапскиот и песискот јазик. Најголем дел од катедрите се стационирани во Истамбул, Софија и  Сараево. Аплицирањето за стипендии трае до крајот на август. И лани студентите имаа ваква можност а ја искористија само петмина.