Откупот на тутунот во струмичко при крај
Откупот на тутун во струмичкиот регион влегува во завршна фаза. На околу два месеци пред истекот на законскиот рок скоро 90% од овогодинешната реколта веќе е предадена на откупните организации. Од здружението на тутунопроизводители Басмак од Василево велат дека досега биле откупени околу 1800 тони. Според нивните проценки остануваат уште околу 20 тони суров тутун кои најдоцна до крајот на месецот ќе бидат предадени на откупните пунктови. Најголемиот дел од произведениот тутун оваа година бил откупен како прва и втора класа со просечна цена од 215 денари по килограм.
,, Просечната цена оваа година до сега е 215 денари и е задоволителна, самите производители се задоволни. Ги имаме да нагласам и оние 60 денари од субвенциите, значи просек ќе ни дојде некаде до околу 280 денари за овогодинешната реколта. Самата просечна цена за која што реков дека е 215 денари ни кажува дека имавме добар квалитет.,, вели Марјан Трајков – здружение на тутунопроизводители Басмак од Василево
Од здружението на тутунопроизводители Басмак велат а без проблем тече и исплатата на предадениот тутун. Годинава парите за нивното производство тутунопроизвдителите ги добивале најдоцна за околу една недела по предавањето на откупните пунктови. Паралелно со предавањето на последните количини тече и пријавувањето на површините за следната сезона, а од почетокот на наредниот месец ќе започне и вадењето на евидентните листови.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар