Откупени над 25 милиони килограми тутун по просечна цена од 196.82 денари

Заклучно со вчера, девет компании од 10 откупија над 25 милиони килограми тутун по просечна цена од 196,82 денари од реколтата за 2016 година. Согласно Законот за тутун, исплатени се 98 проценти, односно 4.873.724.751,49 денари, информираше денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски.
- Во текот на откупот немаше проблеми во целиот процес, ниту по квалитативните ниту по квантитативните методи, освен кај две кутии кои беа спорни, односно комисиски беа прoценувани во текот на откупот, истакна Трипуновски.
Појасни дека фирмата Струмица табак не ги исполнувала условите за откуп, а сета количина од таа компанија во договор со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја преземале останатите компании.
Реколтата 2016 година тежела точно 25.152.000 килограми и е со вредност од 4.950.440.160,45 денари.
Ново на Сител
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
