Бизнис
12. October 2017 - 20:48

Откуп на тутун во Прилеп ќе почне на 15 ноември

                        Годинашната тутунска реколта е специфична, тутунот е со добар квалитет, но количините се нешто помали од очекуваните. Тутунскиот комбинат е подготвен во престојната откупна реколта да откупи околу 2 милиони и 650 илјади килограми тутун, а средствата за исплата се веќе обезбедени, така што откупот може да започне на 15-ти ноември, информираше денеска првиот човек на Комбинатот, Кирил Станкоски.

                    Станкоски, исто така, ги презентираше и податоците добиени од внатрешната ревизија на досегашното работење на Комбинатот од 2007-ма година до денес, при што, бил констатиран  долг од 1.270.000.000 денари.

Во моментов, во Комбинатот се вработени 422 работници. Новото раководство најави и нови вработувања со цел поместување на старосната граница која сега е прилично висока, како и обезбедување на постручни кадри, што е препорака и на деловниот партнер “Филип Морис”.