Откриени илегални мигранти во две возила управувани од турски државјани
Седум илегални мигранти од Сирија, од кои тројца малолетни, открила денеска полицијата во патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на рентакар агенција од Скопје, а управувано од И.А.(54) од Турција.
Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица го сопреле возилото во близина на наплатната станица Гевгелија, во правец кон Скопје, во 12.30 часот. Притоа во возилото биле откриени седумтемина мигранти, а И.А. бил лишен од слобода. МВР информира дека по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Исто така денеска, во 12.10 часот, на крстосницата кај Богданци при контрола на патничко возило „фолксваген поло“ со црногорски национални ознаки, сопственост на рентакар агенција, а управувано од С.Ј.Ф., турски државјанин со привремен престој во Црна Гора, биле пронајдени пет лица илегални мигранти од кои две малолетни.
-С.Ј.Ф. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти Министерството за внатрешни работи
Ново на Сител
-
Тошковски: Безбедноста е темел на секое здраво општество
-
Фон дер лајен: Лош мировен договор за Украина ќе донесе поголема нестабилност и несигурност
-
Мицкоски со порака до полициските службеници: Вашата мисија е света – да го чувате поредокот
-
Во Крушево најмногу дожд, денеска нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
-
ПСЖ или Арсенал, Интер го чека противникот во финалето во Лигата на шампионите
-
САД со рекорден трговски дефицит во март
-
Пуштен сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Прилеп-Крушево
-
Борко Ристовски најави драконски казни за Кожув и Башкими