Македонија
10. April 2016 - 13:58

Откриени 21 мигрант во три возила кај Демир Капија

Во текот на вчерашниот ден полицијата во три одвоени случаи кај Демир Капија откри вкупно 21 илегален мигрант од Пакистан и Ирак.

Полициски службеници од Полициската станица Неготино вчера околу 01:30 часот на клучка - Демир Капија забележале две патнички возила во кои се превезувале илегални мигранти. Едното патничко возило „Пежо 206“ со бугарски национални ознаки, а  управувано од Х.Д.(22) од Прилеп во кое се превезувале четири илегални мигранти од Ирак и патничко возило „Сеат Толедо“ со кумановски регистерски ознаки чиј возач откако го напуштил возилото избегал, а во кое се превезувале пет илегални мигранти од Ирак.

Осмоничениот и илегалните мигранти околу 02:30  часот се приведени во Полициската станица Неготино и со нив е извршен разговор. По целосно расчистување и документирање на настанот, како што информираат од полицијата, ќе следи соодветен кривичен поднесок, а илегалните мигранти ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци.                                 

На автопатот Гевгелија-Демир Капија, поточно на раскрсница с.Удово, вчера околу 04:45 часот од страна на мешовит патролен тим од полициски службеници од Полициската станица Богородица и полициски службеници од Хрватска забележано било патничко возило „БМВ“ со скопски регистерски ознаки. При обид да биде сопрено возилото возачот не застанал и избегал. Полицијата го пронашла возилото на одалеченост од два километри, а возачот избегал од самото место. Во возилото биле пронајдени 12 илегални мигранти од Пакистан. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС за ОН Валандово. Лицата се приведени во полициска станица за понатамошна постапка, соопшти МВР.