Откриена вистинската причина за прекинувањето меѓу Тејлор и Калвин
Иако Тејлор Свифт и Келвин Харис ја прекинаа врската кон крајот на мај, за поранешната двојка и натаму се зборува и се шират претпоставки за причините што доведоа до разделбата.
По објавената фотографија каде пејачката се бакнува со нејзиното ново момче Том Хидлестон, се шпекулираше дека тој бил причината за прекинувањето. Други коментараа дека пејачката била заинтересирана за брак, но Калвин не се согласил на тоа.
Но, сега наводно е откриена вистинската причина за прекинувањето на врската. А таа е поврзано со хитот на Келвин со Ријана, „This Is What You Came For", во чие создавање не учествуваше Тејлор. На тоа се надоврза и изјавата на Клевин во едно радио интервју дека тој и Тејлор „нема никогаш службено да соработуваат“.
Неколку дена подоцна, Тејлор танцуваша цела ноќ со нејзиното сегашно момче Том, а на 20 мај пејачката и ди-џејот последен пат се фотографирани заедно.
Со други зборови, популарната песна не само што ги скара, туку и ги раздели Тејлор и Келвин.
Ново на Сител
-
Погба може да ја продолжи кариерата во САД или Саудиска Арабија
-
Милитао ќе ги пропушти натпреварите во Бразил поради повреда
-
ЦУК: Два пожара на отворено, во Гостивар водата не е за пиење, а во Тетово има редуцирано водоснабдување
-
Српскиот премиер Вучевиќ во посета на земјава, најавено потпишување меморандум за соработка во енергетиката
-
Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства пред собраниската Комисија за политички систем
-
Фицо: Украина нема да стане членка на НАТО се додека сум јас премиер
-
Џонсон одби да признае дека Трамп ги загубил изборите во 2020
-
Израел им оддава почит на жртвите од нападот на 7 октомври