Откриена причината за инвазијата на поларни мечки на северот на Русија: Агресивните животни напаѓаат луѓе и влегуваат во куќите
Белите мечки, поради кои е воведена вонредна состојба на архипелагот Нова Земја во Архангелската област во Русија, нема да бидат убивани, туку ќе бидат изведени надвор од гранците на човечките населби.
Претседателот на локалната управа Жиганшу Мусин рече дека во архипелагот ќе отиде работна група од четири експерти. Овие загрозени животни ќе бидат успиени и однесени надвор од населбите.
Во селата од архипелагот Нова Земја останува на сила вонредна состојба поради наезда на бели мечки, додаде Мусин.
“Меѓутоа, успеваме постепено да ги истераме животните“, истакна тој.
„Сега веќе има помалку мечки. Ги бркаме со онаа техника што ја имаме. Веќе не се 50, туку помалку“, објасни тој.
Животните почнаа почесто да се појавуваат во населбите поради топењето на мразот и лошиот однос на локалните служби кон собирањето отпад. Предаторите чувствуваат каде се наоѓаат и копаат по ѓубрето во потрага по храна, соопшти координаторот на проектот за биодиверзитет на Арктикот на Светската фондација за природа Михаил Стишов.
„Тие излегуваат на брегот, каде ги привлекуваат човечките живеалишта, а посебно ако таму не е добро организиран системот за положување на отпад“, истакна тој.
Претходно е соопштено дека на архипелагот е воведена вонредна состојба, зошто во таа област се појавија 52 бели мечки.
Животните биле агресивни, напаѓале луѓе и упаѓале во куќите. Мечките престанале да реагираат на надворешните агенси и се чувствуваат како дома.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители