Откриена марихуана во средношколски интернат во Гостивар
По претрес кај еден малолетник кој престојувал во гостиварскиот средношколски дом (интернат), полицијата пронашла марихуана. Малолетникот е лишен од слобода и задржан во полициска станица во Гостивар.
Според СВР Тетово, денеска околу 12.40 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар лишиле од слобода малолетник од село Требиште, општина Маврово и Ростуше.
– При претресот во интернатот, каде што престојувал, извршен со судска наредба во присуство на педагог, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, наведуваат од СВР Тетово.

Извесна количина наркотична дрога (марихуана) била откриена и рано утрово во 04.00 часот на улица „211“ во Гостивар. Полициски службеници ги лишиле од слобода лицата С.А.(19), А.Г.(20), Н.Е.(18), тројцата од Гостивар, затоа што при преглед кај нив, кај С.А. била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
