Откорната плочата на почесниот конзулар на Србија во Куманово
Амбасадата на Република Србија во Република Северна Македонија најостро го осудува вандалскиот акт кој се случи вчера, 28 ноември 2024 година, кога од фасадата на зградата на Конзулатот на Република Србија во Куманово на чело со почесниот конзул, во касните вечерни часови, млада личност од машки пол, огрната со албанско знаме, насилно ја отстрани таблата со државниот грб на Република Србија и со натписот „Конзулат на Република Србија во Куманово – Почесен конзул“, напишана на српски и македонски јазик.
Со ова, Амбасадата на Република Србија во Скопје изразува длабока загриженост по повод вчерашното сквернавење на државните симболи на Република Србија и загрозувањето на безбедноста на просториите на Конзулатот на Република Србија во Куманово, посебно имајќи го во предвид фактот дека просториите на дипломатско-конзуларните претставништва и резиденцијалните објекти наменети за членовите на дипломатскиот персонал на Република Србија, не се прв пат предмет на вандалски напади на територијата на Република Северна Македонија.
Во врска со тоа, Амбасадата истакнува дека во потполност е покрената соработка со надлежните органи на Република Северна Македонија, со цел што поскоро откривање и процесирање на извршителот на насилничкиот акт, чив идентитет несомнено може да се утврди врз основа на достапните снимки од безбедносните камери.
Амбасадата на Република Србија останува посветена на негувањето на пријателски односи со Република Северна Македонија и изразува доверба дека надлежните ограни во државата домаќин, во духот на развиените билатерални врски и добрососедство, ќе направи се за овој случај да се разреши на адекватен начин.
Ново на Сител
-
Состанок на министрите за надворешни работи на НАТО
-
Трамп бара итно ослободување на израелските заложници, во спротивно се заканува со „ужасна цена“
-
Руски напад со беспилотно летало ноќеска го остави без струја западниот украински град Тернопил
-
Полска ја најави својата прва мисија на Меѓународната вселенска станица
-
Состојба на патиштата
-
Сончево со умерена облачност, температурата до 11 степени
-
Пукање во Чаир, повеќе лица повредени
-
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка