Живот
15. October 2018 - 21:21

Откопан скелет на дете од 5. век: Поради тоа што му го пронајдоа во устата го нарекуваат „вампир“

Археолозите на гробиштата за бебиња во Италија, во Луњану пронашле скелет на дете од 5. век, а се претпоставува дека починал од маларија.

Во неговата уста имало камен кој требало да го заштити од злите сили.

Тоа е необичен обичај за културата на стариот Рим.

Тимот на археолози од Универзитетот во Аризона и Универзитетот Станфорд пронашол скелет при ископувањето на локацијата позната под името „Гробишта за бебиња“, каде наводно се закопувале доенчиња починати од маларија.

Пронајдениот скелет на детето со камен во устата укажува дека тие што го закопале стравувале дека ќе се врати од мртвите и ќе им ја пренесе болета на преживеаните, па мештаните затоа го нарекуваат „Вампирот од Луњано“.

Врз основа на положбата на отворената вилица, археолозите заклучиле дека каменот е намерно ставен тука, зошто не можело да се случи по природен пат поради распаѓањто на телото, а на површината на каменот се забележани и траги од заби.

При претходните ископувања на „Гробиштата за бебиња“ пронајдени се разни предмети кои укажуваат на занимавање со магија во тоа време, поради нозе од врана, жабљи кости и бронзани казани исполнети со пепел.