Откако ја унаказил девојката: Ја тепав, ама не сакав до толку
Со мотика ѝ скршил 4 ребра, ја сечел со нож по лицето и нозете, ја фрлал кон радијатор и ѝ ги горел рацете со пегла.
24-годишниот Ѓорѓе Кацковиќ, кој е уапсен откако брутално ја претепа својата девојка 22-годишната Ивана во нивниот изнајмен стан во Нови Сад, во полиција изјавил дека не сакал да ја повреди „до толку“.
- Полудев од љубомора. Ја тепав Ивана, но не сакав да отиде толку далеку, да ја унакзам. Жал ми е, вака се правдал вчера во Основиот суд Ѓорѓе, кој ѕверски ја претепал и мачел својата девојка.
После изживувањето врз девојката тој со мотика ѝ скршил 4 ребра, ја сечел со нож по лицето и нозете, ја фрлал кон радијатор и ѝ ги горел рацете со пегла.
Ѓорѓе истиот ден е уапсен, а вчера е изведен пред суд во Нови Сад, после што му е одреден 30-дневен притвор.
Рекол дека поради љубомора му паднало мрак пред очи. Признал дека долго ја тепал, но дека не бил свесен колку далеку отишол.
Ѓорѓе Лацковиќ се товари за насилство во семејството и нанесување тешки повреди. Тој по потекло е од Богатиќ, а како и Ивана студирал во Нови Сад на Факултетот за спорт и физичка култура.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор