-->
-->
Откако го избодела Пале се јавила во Брза помош и се обидела да го спаси партнерот
-->
„Согласно Кривичниот законик, нужна е одбраната која е неопходна. Нападот и одбраната се неопходни елементи. Тој ја влечел, клоцал, ја стегнал околу вратот, неспорно се утврди од записникот за увид, по самиот увид на настанот кај обвинетата имало телесни повреди, изразени на главата, ногата и вратот. Натаму, на овој доказ се надоврзува телесниот преглед на обвинетата. Неспорно се утврдило дека нападот од покојниот бил вистински и траел, а обвинетата Пале била во животозагрозувачка состојба, потврдил и психијатрискиот наод“, рече судијката..
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
-

Тешка сообраќајка со 10 повредени
-

Oхрид доби културен информатор

Велешанката Павлинка Илоска Пале откако го прободела својот невенчан сопруг, се јавила во Итната медицинска помош и се обидела да му помогне. Ова денес во образложението пред да ја ослободи од кривична одговорност за убиство на миг го кажа судијката Габриела Гајдова од Основиот суд Велес. Ја влечел, ја тепал, ја давел и ја нарекувал курва и недомаќинка, по што Пале посегнала по првиот предмет за да се одбрани, а не ни знаела дека во рацете има нож.