-->
-->
Отишла до банкомат да извади пари, остана и без нив и без дрва - нова измама во Скопје
-->

Скопјанката В.И.(66) вчера пријавила дека во петокот (08.06.2018 година) околу 18:00 часот непознат сторител дошол на улица „Црногорска" каде пријавителката седела со нејзиниот сопруг Л.И. и им понудил огревни дрва по цена од 2.300 денари по метар кубен.
Пријавителката отишла до банкомат да извади пари, а нејзиниот сопруг со сторителот се упатиле по дрвата при што по патот сторителот му рекол на Л.И. да почека на последна постојка на „5-ка“ каде ќе го донесе комбето со дрва и заминал.
На улица „Ѓорче Петров" сторителот ја пресретнал пријавителката и и ги земал парите 12.000 денари при што и кажал дека дрвата се во нивниот дом.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
