Живот
8. February 2017 - 17:36

Отишла да ги напумпа усните, а се вратила со "колбасици" од кои нејзините деца имаат трауми

Пред последен пат да отиде на естетско зголемување на усните, 24- годишната Леона  Омалеј четири пати направила естетска интервенција на усните.

За време на интервенцијата, Леона тврди дека хирурзите не воделе грижа за хигиeната, не носеле ракавици а иглите ги чувале во пластични кеси наместо во стерилни. Користеле несоодветни конци за шиење.

Целата оваа работа не завршила добро по Леона, интервенцијата предизивкала оток поради кој е хоспитализирана а нејзините деца доживеале траума кога ја виделе.

Оваа мајка платила 180 долари за козметичка операција, но тој "ефтин потфат" чинел многу повеќе кога резултирал со "колбасица од усна".

- Изгледав како Пит Бурнс. Како да имам две колбасици на лицето. Очите ми солзеа, лицето ми отекуваше. Не можев да зборам ниту пак да пијам. Повикав итна помош а тие испратија кола, завршив во болница каде ми дадоа стероиди. Никогаш ништо слично не сум доживеала, се тресев од страв - рекла Леона.

Кога се обидела да направи селфи се разочарала, помислила "што си направив себеси"

- На почетокот ништо не сакав да кажам на мајка ми бидејќи таа не сакаше да ги правам тие работи. На крајот морав, кога ме виде буквално се разболе. Најмногу ме заболе кога моите деца се исплашија кога ме видоа, а не смеев да ги пуштам во близина на тие ужасни усни - додава таа.