Отчет на градоначалникот на Зрновци Блаже Станков

Во изминатите четири години реализиравме над 70 проекти кои се однесуваат на комуналната инфраструктура, изградба на патишта, асфалтирање на улици, реконструкција на водоводна и канализациската мрежа и изградба на нова, како и регулација на Зрновска, Мортошка и Видовишка река. Остваривме значајни проекти и во областа на образованието, културата, заштитата на човековата околина, туризмот и спортот, истакна на денешната средба со новинарите градоначалникот на општина Зрновци, Блаже Станков давајќи отчест за сработеното во изминатите четири години.
- Посебно сум горд на изградбата на новата детска градинка во Зрновци во која ќе бидат згрижени 70 деца од оштината, на изградбата на мостот на река Брегалница кој беше оштетен од поплавите минатата година, како и на асфалтирањето на регионалниот патен правец од Видовиште до Теранци како дел од регионалниот патен правец Штип - Зрновци - Виница, истакна Станков.
Тој се осврна и на реализираните прокети во делот на водоводната мрежа, пртитоа истакнувајќи дека се изградени водоводи во населните места Зрновци Мородвис и Видовиште. Во овие населени места регулирани се и речните корита на Зрновска, Морошка и Видовишка река, а е изградена и нова канализациска мрежа.
Во делот на образованието, Станков ја посочи реконструкцијата на училишната зграда во Зрновци, поставување соларни панели, како и изградба на нова спортска сала и повеќенаменско игралиште во Зрновци.
Во делот на унапредувањето на туризмот, поставени се патокази до сите туристички места во општината, партерно е уреден археолошкиот локалитет Мородвис, а во Зрновци се гради регионален етно парк. Заштитени се и седумте платанови сребла во село Мортовис кои се стари над пет века, а се изградени и плоштади во Зрновци, Мородвис и Видовиште.
Станков ја спомена и изготвената физибилити студија за искористување на природните ресурси во општината, пред се во делот на водниот потенцијал на Зрновска река, а во индустриската зона во Зрновци веќе работат три индустриски капацитети.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава
-

СП 2026: Еквадор ја совлада Германија
-

СП 2026: Холандија со победа над Тунис го потврди првото место во групата
-

Најмалку 188 жртви од двата земјотреса во Венецуела, над 40.000 лица се исчезнати
-

Тошковски на официјалното затворање на Регионалниот специјализиран квалификациски курс за К9 единици
-

Собранието ќе ја почне 108-та седница
-

Лов на отровната морска риба во Грција, рибарите ќе добиваат 5,33 евра за килограм
-

Во Црна Гора уапсен ирански хакер, кој ги оштетил САД за 3,4 милијарди долари
