Отчет на градоначалникот на Чучер Сандево Сашко Комненовиќ по повод една година од мандатот
-Пред точно една година, вие граѓаните на општина Чучер Сандево, ми ја дадовте довербата, јас би рекол и одговорноста, да ја предводам Општина Чучер-Сандево.
Денеска сакам пред вас, како што доликува, да појаснам пред вас во каква финансиска состојба ја затекнав Општината да го презентирам она што е направено во изминатата една година.
Сите заедно да видиме каде беше нашата општина а каде е сега. Секако на крај и да го кажам мојот план за наредната година.
Особено ми е драго што можам да ве запознаам дека во моментот кога ја превземав да ја водам Општината заедно со советот на Општина Чучер-Сандево општинаската каса беше задолжена во висина од 77.000.000 денари.
Ние покажавме дека со совесно и одговорно работење и управување со Општинскиот буџет успеавме да вратиме долг од над 32.000.000 денари, а останатите 44.000.000 денари се обврска кон Светска банка кои мораме и можеме да ги враќаме на рати во висина 5.000.000 денари секоја година.
Сите знаеме дека изминатиот период беше тежок период, поради глобалните кризи, но тоа мене ме мотивираше уште повеќе да работам и да создавам за да ги подобриме условите за живот во општина Чучер Сандево.
За мене локалната самоуправа е многу важна за секојдневниот живот на граѓаните и така и се однесувам. Мојот фокус е развој на опшината, релизација на проекти и работа за граѓните.
На почетокот сакам уште веднаш да се заблагорам на подршката од Владата на Република Северна Македонија , на членовите од советот на Општина Чучер-Сандево од сите политички партии,на подршката и помошта од Општинска администрација така и на сите оние поединци општествено одговорни, кои во почетокот ми пријдоа ми понудија било каква помош и со тоа дадоа свој придонес во работата и реализацијата на проектите и програмата за работа. Така очекувам да продолжиме да работиме, да не се делиме на партии туку заеднички да делуваме. Ние сите се познаваме, нашиот придонес денеска ќе биде од интерес на нашата општина утре и секој нареден ден. Мислам дека успеав да го одржам зборот за моја достапност на секој од вас и понатаму останувам достапен за сите вас.
Дозволете сега накусо да ги презентирам клучните 20 релизирани проекти во изминатата 1 година.
Инфраструктура, патишта, водоводи, реновирање на училишта, пуштање во употреба на нови градинка и училиште, изградба на детски игралишта, изградба на фекални канализации, изработка на нови проекти за се она што е направено за подобар живот во Општина Чучер-Сандево.
1. За граѓаните на Мирковци и Бањани го асфалтиравме патот од с.Мирковци до с.Бањани, во должина од 1.841 метри, целосно нов асфалт со вкупна вредност од 12.500.000,00 денари со помош на Владата на Република Северна Македонија.
2. Го реконструиравме и патот од с.Кучевиште до с.Танушевци, со вкупна вредност од 42.000.000,00 со помош на Владата на Република Северна Македонија и тоа на потегот од с.Кучевиште до с,Побожје и низ с.Побожје целосно е завршено асфалтирање на патот во должина од 1545 метри, како и асвалтирање на пат во с.Танушевци со должина од 5876 метри како и цеосна замена на цвководот од чешмата во населено место Бродец.
3. Го реконструиравме целоснопатот во с.Бродец, поставивме подземни цевки кај чешмата.
4.
5. Поставивме нова фекална канализација во с.Глуво и во с.Бразда во вкупна должина од 514,5 метри со вкупна вредност од 4.765.789 денари.
– Крак 5 со должина од 465,5 метри со вредност од 4.232.068,00 денари
– Крак 6 со должина од 49 метри со вредност од 528.046,00 денари
– Проектот е финансиран од Општина Чучер Сандево и Министерство за животна средина, општината учествува со 1.765.789,00 денари додека Министерството со 3.000.000,00 денари
6. Ја обновивме дел од улица Александар Урдаревски, тоа е заеднички проекти финансиран преку Скопски плански регион каде Општината учествува со 1.700.000,00 денари.
Развојот на инрастуктурата, новите патишта, улици низ нашите населени места се важни за олеснување на комуникацијата меѓу народот и зголемување на безбедноста. Граѓаните заслужуваат да се движат и да возат по добри патишта, без дупки.
7. За нашите најмили, поставивме нова детска урбана опрема во Сандево, Блаце, Мирковци, Побожје а и во тек е реконструкција на детската урбана опрема во с.Кучевиште со вкупна инвестиција 1.744,000 денари.
8. Отворена е Јавна Општинска Установа -Детска Градинка МИЛО МОЕ целосно нов објект кој неколку години не можеше да се стави во функција, еве успеавме и тоа да го завршиме. После дог период денес се слуша детски џагор во градинката.
9. Исто така отворено е Подрачно Основно Училиште Михаљ Грамено во н.м. Долно Блаце. в и таму децата денеска посеуваат настава а во минатотот истите посетувале настава во соседната Република Косово .
10. За збогатување на спортскиот живот и нашите млади да имаат свое катче за рекреација, извршиве реконструкција на спортско игралиште во ООУ Св.Кирил и Методиј во с.Кучевиште со вредност од 4.100.000,00 денари и вкупна површина од 793 м2
11. Ќе ја споменам и реконструкцијата на спортско игралиште во ПООУ во с.Побожје со вредност од 2.900.000,00 денари и површина од 578м2
12. За заштеда на енергија и топли училници поставиме нова енергетска ефикасна термоизалициона фасада на ООУ Св.Кирил и Методијво с.Кучевиште 1.180.499,00 денари
13. За да ја зголемиме сигурноста на децата извршивме реконструкција и поставување на громобранска инсталација во ООУ Св.Кирил и Методиј во с. Кучевиште со вкупна вредност од 407.128,00 денари.
14. Во духот на солидарноста и поддршката, ставена е во функција сензорна соба намената за деца со интелектуална попреченост и потешкотии во развој во ООУ Александар Урдаревски. Се грижиме за сите на кои им е потребна нашата поддршка.
15. За прв пат воведовме целодневен престој настава во ООУ Александар Урдаревски со што дадвоме придонес во образованиот процес на децата од Чучер Сандево.
Во 21 век нашата општина се уште имаше одредени населени места кои се соочуваа со проблеми околу водоснабдувањето или се без канализации. Ние тоа го менуваме и за тоа:
16. Поставивме нови пумпи за вода во пумпна станица во с.Побожје со вредност од 835.322,00 денари
17. Како едно од успешно завршените проекти е редовно одржување и обнова на улично осветлување, поставување на нови линии.
18. Општината во рамки на своите можности даде поддршка за одржување на традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Глуво.
19. Започнат е проектот за изградба на автобуски постојки на територијата на Општина Чучер Сандево со вкупна вредност од 2.378.139,00 денари
20. Исто така поддршка на здружение на пензионери на Општина Чучер Сандево и секако поддршка на спорт, образованието и култура.
Сакам да соопштам дека веќе е завршена изработката на основни преоекти за реконструкција и рехабилитација на неколку улици во Општина Чучер Сандево со вкупна вредност од 2.300.000,00 кои ќе се реализираат во 2023 година, исто така за 2023 се планирани повеќе активности како реконструкција на спортски игралишта во Глуво, Бразда и изградба на ново Мирковци, изградба на два нови бунари во Бањани и Кучевиште за подобрување на водоснабдувањето во општината( за овие бунари извршени се испитувања), изградба на нови 5 детски игралишта, изградба на нова фекалана канализација и прочистителна станица во населено место к:Бара и Бел камен за што Општина Чучер*-Сандево во моментов изготвува проект за прочистителна станица кој ке се надоврзе на веке изготвениот проект за канализациона мрежа кој е во должина од 13 километри а воедно во моментов течат и подготовките за надополнување на проектот за канализационата мрежа за изоставениот дел од Бел Камен кој исто така ке се приклучи во гореспомената прочистителна станица.Би сакал да ми дозволите да го искористам овој момент уште еднаш вака јавно да се заблагодарам на Македонската православна црква и како и на Архиепископ Охридско Македонски Господин господин Стефан како и Игуменијата Марија од манастирот Св.Архангел сместен на падините на Скопска Црна Гора во атарот на с.Кучевиште . Воедно сакам да ве известам дека ке се залагаме за доизградба на фекална канализација во Чучер, Кучевиште, Горњани и др.слични проекти како и подобра и посилна поддршка на образованието и културата во нашата Општина.
Општина Чучер Сандево ќе продолжи уште позасилено да се развива, јас сум тука за секој граѓанин, ќе дадам се од себе и понатаму да продолжиме заедно да ја правиме општината подобро место за живеење за сите нас.
градоначалник на општина Чучер Сандево Сашко Комненовиќ
Ново на Сител
-
Разбиена криминална група која тргувала со оружје во Косово и Албанија, уапсени 14 лица
-
Отстранети неколку диви депонии во Ѓорче Петров, Чаир и Бутел
-
Изгласани законски измени за забрзување на изградбата на делниците на коридорите 8 и 10д
-
Урош Блажиќ прогласен за виновен за масакрите во две села во Србија, осуден на затворска казна од 20 години
-
За викендот повремен дожд, снег и ветер
-
Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Доха
-
Кривична пријава за охриѓанец кој си изградил куќа без одобрение
-
Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025