Отчет на градоначалниците на Битола, Прилеп, Новаци, Могила и Ресен
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ на општините од Пелагонискиот регион денеска во Битола дадоа отчет за сработеното во изминатите 100 дена.
На регионалниот отчет „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“ на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ од пелагонсикиот регион, Битола, Прилеп, Новаци, Могила и Ресен се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ ги менува општините. Новите градоначалници носат промени и проекти кои се чувствуваат и гледаат, рече Мицкоски, кој во своето обраќање потсети на сите реализирани проекти изминатите 100 дена. Тој ја повика власта да дојдат на еден од отчетите и да се уверат во реализираното.
-Во изминатите 100 дена почнавме повеќе од 1.090 проекти или точната бројка е 1.093 за 100 дена. Почнати се со реализација 166 капитални објекти низ целата територија на земјата, рече Мицкоски.
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски потенцира дека за еден месец завршија отпочнатите активности на седум улици, зголемен е буџетот за животна средина за 4.500.000 денари, исчистени сите диви депонии…
-За период од 4 години, претходната локална самоуправа, решила само 746 предмети. Веднаш, со добра внатрешна организација на општинската администрација се заложивме за решавање на останатите 6592 предмети. Во првите 100 дена, завршивме 1100 предмети и посветено продолжуваме до решавање на сите барања, согласно законската регулатива, нагласи Коњановски.
Градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески информира дека Прилеп за овие 100 дена доби нов детски парк, се асфалтираа улици, а ќе се пушти и нова автобуска приградска линија до населените места – Лагово, Беровци, Алинци, Тополчани, Ерековци, Канатларци и Подмол.
Јовчески најави дека во следниве неколку месеци интензивно се започнува со реализација на повеќе клучни проекти за Прилеп, како реконструкција на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ на потегот од споменикот, комплетна реконструкција на влезот на градот во правец Крушево – Прилеп, односно улица „Леце Котески“, изградба на катна гаража помеѓу зградата на Поштата и Општинската зграда со капацитет од 76 возила…
Градоначалникот на општина Могила Драганчо Саботковски изјави дека почна постапката за поставување на фотоволатици на спортска сала и училиштата во Добрушево и Ивањевци и додаде оти јавно ја поддржал иницијативата за измени на Законот за откуп на тутун.
-Конечно индустриската зона Петилеп започнува инфраструктурно да се уредува. Оваа година ќе се гради водовод во зоната. Ќе започне и изградба на главен доводен цевковод за водоснабдување на селата Беранци, Д.Српци, Ивањевци, Св. Тодори, Трновци, Вашарејца и Лознани финансиран од средствата од ТАВ Македонија, рече Саботковски.
Градоначалникот на општина Новаци Стевче Стевановски нагласи дека главниот акцент се става на младите во општи на Новаци. Во буџетот е предвидена финансиска помош за талентирани ученици и спортисти и ќе се започне со уредување на патна инфраструктура на индустриската зона.
-Во овие 100 дена работевме на урбанизација, на енергетска ефикасност, на подобрување на условите за работа на училиштата, подобри услови за младите, подобра животна средина, активно се грижиме за културата и нашето културно наследство, нагласи градоначалникот Стевановски. Посочи дека се креираше транспарентен буџет за 2022 година во висина од 2,6 милиони евра.
Градоначалникот на Ресен Јован Тозиевски потенцира дека за 100 дена Ресен стана отворена општина за граѓаните, асфалтирани се 10-тина локални патишта и улици во вредност од 4.829.000 денари, и одобрени средства за две нови детски игралишта во износ од 900.000 денари.
-Одобрени се средства од Пелагонискиот плански регион за изградба на две детски игралишта во вредност од 900.000 денари. Започнат е процесот на избирање на најдобар изведувач на проектот „Патот на Светите води“, кој ги поврзува манастирите во подножјето на Пелистер, од Преспанскиот крст до Долно Дупени, рече Тозиевски.
Ново на Сител
-
Религијата мора повеќе да се вклучи во решавањето на светските конфликти, а не преку неа да се разгоруваат војните
-
Преглед на вестите од светот
-
Една година Влада - отчет на премиерот Мицкоски
-
Бугарија го спори извештајот на ЕП за Македонија, Георгиев вели дека нема тежина
-
Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-
Годинава се очекуваат околу 24 милиони килограми тутун, неизвесно дали и сега ќе се откупува само во прва класа
-
Извештајот за Македонија утре на втор обид за гласање, Вајц не сака да го коментира исходот предвреме
-
Ново поскапување на дизелот, за една недела поскапе за 7 денари