Отчет на градоначалничката на Македонска Каменица за првите 100 дена од мандатот
Општина Македонска Каменица исплатила 30 милиони денари долгови за изградбата на патиштата до Сарафско и Мечкарско Маало во село Саса, за маалата Ќосевци и Дулѓерци во село Дулица, за изградбата на дел од патот до Стамболиско Маало во село Цера, за изградба на локални пристапни патишта во селата Дулица, Моштица и Луковица, како и за неколку улици во Македонска Каменица.
Ова во отчетот за првите 100 дена од мандатот го истакна градоначалничката на Македонска Каменица Соња Стаменкова.
- Во овие 100 дена општина Македонска Каменица ги сервисираше и долговите кон ЕВН, кон „Камена Река“, кон Ветеринарно-сточарскиот центар и редица други локални институции, приватни фирми и компании. Вкупниот износ на исплатените долгови изнесува околу 30 милиони денари, рече Стаменкова.
Таа информира дека во овој период се реализирани повеќе проекти, меѓу кои изградба на мостови, заштитни огради на мостови и канали, се доуредуваат бетонски пропусти за одведување на атмосферски води во селата Косевица, Костин дол и Моштица.
Стаменкова додаде дека се подготвува проектна документација за енергетска ефикасност на ООУ „Св. Кирил и Методиј“, а се подготвува и проектот за изградба на противпожарна кула за рана детекција на пожари. Во напредна фаза е и проектот за промена на старото улично осветлување со ново енергетски ефикасно лед- осветлување.
Во областа на комуналните работи, заедно со општинската администрација и Јавното претпријатие „Камена Река“ интензивно се чисти речното корито на Каменичка Река. Почнато е и регулирање на текот на Каменичка Река и нејзините притоки, исчистени се одводните канали во централното градско подрачје, а регулирани се и неколку свлечишта на локалните патишта.
- Почнавме да се грижиме за собирањето и преземањето на електронски отпад заради што е склучен договор со компанијата Елколект. Ја менуваме старата примарна водоводна мрежа со нова. Изведена е фекална канализација во должина од 150 метри во Павлиш дол. Почнавме постапка за решавање на проблемот со недостиг од вода во летните месеци, а продолживме со приклучување на корисниците на новата водоводна мрежа и поставување на нови водомери. Исплатени се долгови на Јавното претпријатие во износ од околу 2 милиони денари, рече Стаменкова. Најави дека наскоро ќе почне со работа и Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица.
Ново на Сител
-

Автомобил се судри со трактор на патот Градско – Прилеп
-

Хибридите и моторите со внатрешно согорување можат да останат: ЕК го намали целниот процент за нулта емисија до 2035-та
-

Кушнер се повлече од белградскиот проект „Трамп“ вреден 750 милиони евра; Вучиќ: Ова е многу лоша вест
-

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД – услов за мировен договор, нагласи Зеленски
-

Детски психијатар од Хрватска злоставувал малолетни деца и им давал дрога
-

Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје
-

Тешко повреден малолетник на „томос“ по направена сообраќајка
-

Благодарение на ЗХГ ќе нема огномет на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје
