Осветена црквата Свети великомаченик Георгиј Победонесец во месноста Пештер
Митрополитотот тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со свештениците од тетовското намесништво извршија осветување на црквата Свети великомаченик Георгиј Победонесец која се наоѓа во месноста Пештер во тетовското село Јегуновце.
Со долгогодишната изградба и осветувањето се поставува духовен столб на овдешните верници, потенцираше владиката во својот говор пред присутните.
– Денеска по цели 15 години поминати од поставувањето на камен-темелникот дојде денот кога овој новоизграден храм посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец го осветивме, со што се исполнија желбите на сите јегуновци, кои низ сиве овие години се трудевте да се изгради овој храм за да биде духовен столб и место за духовна поткрепа и препород. И навистина нема поголем влог во нашата духовна иднина од тоа да се подигне храм, бидејќи градењето на храмови, всушност е градење на нашата вечност и самото тоа е вградување во неа, истакна г. Јосиф.
– Наоѓајќи се денеска во овој новоосветен храм, гледајќи Ве Вам и набљудувајќи го ова место во кое неискажливо и неисцрпно обитава благодатта Божја, чувствувам потреба, како надлежен духовен татко на оваа Епархија да им се заблагодарам на сите знајни и незнајни помагачи и ктитори, кои на каков и да било начин ја помогнаа изградбата на овој храм. Ја користам оваа свечена прилика да ја искажам и мојата особена благодарност до Иницијативниот одбор, до нашите иселеници од дијаспората како и до нивниот свештеник протоереј-ставрофор Синиша Ристовски од Детроит, кој потекнува од Јегуновце, за нивната несебична помош и залагања за доизградба на овој свет храм, рече тој.
Црквата почна да се гради на 25 јули 2004 година со поставување на камен темелник. Во текот на градбата во предвечерието на патрониот празник Ѓурѓовден на 5 мај верниците од овој крај доаѓаат на одбележување на патронот на црквата Свети Георгиј кога се врши мал водосвет и режење на славските колачи.
Месноста Пештер го добила името поради огромната вдлабнатина во карпестиот дел од планината Жеден која личи на пештера, долга и широка околу триесетина метри. Воедно претставува археолошки локалитет т.е. некропола од доцниот среден век во тетовското село Јегуновце.
Ново на Сител
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ
-
Силен ветар предизвика штети во Битола
-
Меѓусебна соработка за справување со корупцијата
-
Андовски: Граѓаните навреме да ги откажуваат термините за снимање за да не се создаваат листи на чекање
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз