Македонија
1. August 2015 - 19:15

Осветена црквата „Свети Илија“ во пехчевско Спиково

Во пресрет на големиот државен, национален и верски празник Илинден денеска е осветена новоиградената православна црква во селото Спиково, општина Пехчево.
 

Богослужбата  во новата црква „Свети Илија“  ја .одржаа свештенослужителите на малешевското архиерејско намесништво на Струмичката епархија на МПЦ -ОА.
 

Црквата се гради со даренија на иселениците од ова село и со донации од граѓани на Пехчево и Малешевијата.
 
По повод осветувањето за присутните верници беше организирана  културно-уметничка програма и заеднички ручек.