Освета за Ел Чапо: Среде бел ден убиен судијата кој истражувал за неговиот наркокартел
Судија, кој истражувал за валканите бизниси на најголемите мексикански наркобанди, вклучувајќи го озлогласениот картел Синалоа на Ел Чапо, бил ликвидиран на сред бел ден на улица во градот Мерепес, на околу 50 километри западно од Мексико Сити.
Шокантната снимка од сигурносните камери го прикажува Висенте Антонио Закариас (37) како џогира, а потоа му се приближи убиец кој го застрела директно во главата.
По извршената задача, мистериозниот напаѓач избега од местото на настанот. Мексиканските медиуми објавија дека несреќниот судија бил однесен во болница, каде што починал.
Закариас станал судија во Окружниот суд во декември 2013 година, а меѓу случаите на кој работел, се и оние за картелот Лос Куинис и моќен бизнисмен, чие семејство било обвинето за вмешаност во трговија со дрога.
Иако мотивот за убиството официјално е непознат, мексиканските медиуми посочуваат дека судијата бил мета на наркокартелите бидејќи тој постојано ги одбивал жалбите што ги поднесувале адвокатите на уапсените босови.
Во продолжение погледнете ја неговата егзекуција.
Ново на Сител
-
На 101 година почина јапонската принцеза Јурико Такаги
-
Во Хрватска уапсен министерот за здравство Вили Берош
-
Тошковски: Дозволи за оружје се делеле незаконито, отказ за 15 високи полициски функционери
-
Доживеал паничен напад, сведокот Гоце Трајковски не се појави на судењето за Вања и Панче
-
Трамп вети силна војска и крај на војните
-
Најмалку 10 загинати во пожар во дом за стари лица во Шпанија
-
Лига на нации: Македонија ја совлада Летонија и обезбеди пласман во Лига „Б“
-
Во Хрватска во тек се апсења и спроведување на итни доказни дејствија