Освен линијата „5“ од утре уште еден автобус на гас ќе сообраќа во Скопје
Уште еден автобус на гас во производство на полската компанија „Соларис“ ќе сообраќа во главниот град, овој пат на линијата 22“. Автобусот ќе биде дел од тест приодот од 40 дена, по што надлежните ќе одлучуваат со какви автобуси ќе го модернизираат новиот возен парк на ЈСП. Во Скопје веќе сообраќа еден автобус на гас и тоа на линијата „5“, а се очекува ваков автобус да се вклучи во сообраќај и на линијата „15“.
Како што информира „Независен“ овој автобус чини 220.000 евра и наменет е за исклучиво за јавен превоз, со капацитет од 70 патници. Неговата најголема предност е што има намалена потрошувачка на гас, споредено со потрошувачката на старите дизел-автобуси и троши речиси 50 отсто помалку гориво. Емитува значително помалку ЦО2 и речиси воопшто не го загадува воздухот.
Ново на Сител
-
Чешка: Малолетник уби две жени во напад со нож
-
„Визер“ од 9 март повеќе нема да лета од Скопје до Будимпешта
-
СДСМ: Мерките се задоцните и без суштина
-
Мицкоски во САД
-
Владина иницијатива за разрешување на Коцевски
-
ВМРО-ДПМНЕ: Судството е заробено од СДСМ и ДУИ
-
Две девојки се степале во автобус на ЈСП
-
20-годишник со два ножеви сакал да влезе во Основниот кривичен суд Скопје