Свет
23. September 2016 - 19:57

Осуммина пожарникари загинаа во пожар во Москва

Осуммина пожарникари загинаа синоќа во голем пожар во складиште за пластика во Москва.Загинатите пожарникари работеле на покривот, за да создадат водена завеса за ладење на контејнерите со гас и компресорите и за да го спречат нивното експлодирање. 

Тие биле меѓу првите пристигнати на местото на пожарот, и евакуирале над сто работници од складиштето.Пожарот бил локализиран по неколку часовни напори на противпожарните екипи.Во тек е истрага за причините за пожарот. 

Најголем сајбер напад во историјата: Хакирани 500 милиони мејлови

Американската интернет компанија „Јаху“ потврди дека хакери украле информации за 500 милиони нејзини корисници.Во најмасовниот  сајбер-напад кој се случил во 2014 година, а е објавен пред јавноста дури сега, биле крадени и манипулирани кориснички имиња, лозинки и лични податоци, но не и информации од кредитни картички и банкарски сметки.

 Раководителите на ,Јаху,, сметаат дека хакерите биле поддржани од странска земја, но не прецизираат која. „Јаху“ со совет до корисниците да ги сменат  лозинките доколку не  го направиле тоа во последниве две години.

Случајот е даден на истрага во Федералното истражно биро.

Жестока тепачка на украински пратеници пред новинари

Украинските пратеници Александар Вилкул и Владимир Парасјук се истепале пред новинари по снимањето на телевизиската емисија „Вечерна програма“, во која тие не можеле да се согласат околу актуелната ситуација во земјата.

Веднаш по емисијата Парасјук го сочекал својот политички противник надвор од студиото и почнале да разменуваат тупаници, по што интервенирало и обезбедувањето на телевизијата.