Осум тони отпад собрани во акцијата за чистење на урбаните заедници 11 Октомври
Општина Кисела Вода собра осум тони смет во рамки на есенската акција за целосно расчистување на сметот/отпадот во урбаните заедници 11 Октомври - бараки и згради.
- Во урбаните заедници 11 Октомври - бараки и згради се собираше отпадот/сметот од улиците, тротоарите, тревните површини и парковите кои се под надлежност на општина Кисела Вода. Покрај тоа, се собираше кабаст отпад, а се кастреа и исушените гранки на дрвјата и грмушките, информираат од општината.
Од почетокот на есенската акција, досега, нагласуваат, спроведени се активности за чистење на сметот/отпадот во урбаните заедници Пржино и Црниче, 11 Октомври бараки и згради, во населба и село Драчево и во месната заедница Подстаница. Активностите ќе продолжат в четврток и в петок во урбаните заедници Бирарија и Цветан Димов.
Локалната самоуправа апелира до сите граѓани отпадоците да ги одложуваат во специјално поставените корпи и контејнери и да се придржуваат до Законот за јавна чистота, се со цел почиста и поздрава животна средина.
Ново на Сител
-
Приведен бегалец од затвор, баран со потерница за доиздржување на над четири години затворска казна
-
По повод 8 Септември македонското знаме кренато во Њујорк
-
Си и Путин му ја честитаа на Ким Џонг Ун годишнината од основањето на Северна Кореја
-
Атина денеска без такси превоз поради 24-часовниот штрајк на таксистите
-
Израел изврши напади врз Сирија, најмалку петмина загинати
-
Синер со победа на Фриз го освои УС Опен
-
Нападната српска амбасадорка во Мадрид
-
Одбележани 33 години независност, честитки и пораки за единство и сплотеност