Осум пожари во изминатото деноноќие, активен пожарот кај кичевското село Цер

Осум пожари на отворено и неколку помали интервенции се регистрирани во последното деноноќие. Активен е се уште пожарот во реонот кај кичевското село Цер, кој повеже денови е со различен интензитет.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека за денеска е планирано јавното претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ и месното население да интервенираат заедно со воздушна поддршка од страна на МВР.
- Во текот на вчерашниот ден, Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ не учествувале во гасење на шумскиот пожар, освен што интервенирале 20-тина граѓани од месното население, а е интервенирано од воздух со хеликоптер на МВР, што во седум до осум наврати истурил вода на опожарениот простор, при што бил неутрализиран еден крак од пожарот. И покрај ваквите интервенции пожарот не е целосно изгаснат и е се уште активен и постои опасност пожарот да навлезе во букова шума, а во тој случај многу тешко би можел да се контролира, се наведува во соопштението од ЦУК.
Првичната информација за пожарот е добиена на 17 јуни на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 дека гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и смрека. За настаната состојба веднаш биле известени Општина Кичево, Териоријалната противпожарна единица Кичево, јавното претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“,Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
-

Измама со помош на вештачка интелегенција – пациент си искреирал конзилијарно мислење за лек
-

Црна Гора ги брише сомнежите за блокадa во интеграциите
-

Филипче: Колку чини посетата во САД?
-

Со 500 евра казнет граѓанин кој фрлал градежен шут и кабаст отпад
-

Дрвокрадството во прилепско се намалува, но Шумската има само 13 полицајци и 1 возило, а судовите изрекуваат мали казни
