Осум повредени во судар на две возила кај Желино
Осум лица се повредени во сообраќајка што се случила вчера попладне на излезот од Желино, на крстосницата од локалниот пат кон Стримница.
Како што информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, во несреќата учествувале два автомобила со тетовски регистарски таблички, Поло управувано од Б.З.(19) од Желино и Пасат управуван од С.С.(70) од Стримница. Двајцата возачи, три сопатнички од Пасатот и тројца сопатници од Полото здобиле телесни повреди и биле пренесени во тетовската клиничка болница од каде по укажаната помош се пуштени на домaшно лекување.
Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово и според првичните податоци, причина за несреќата е непочитување на првенство. Материјалната штета се проценува на околу 80.000 денари.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Пронајдени над 50 килограми марихуана во Демирхисарско, приведено едно лице
-
Црвениот крст на РСМ ги повикува македонските граѓани да донираат средства за настраданите во БиХ
-
Нормализиран сообраќајот на патот Струмица - Валандово
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на официјалното отпочнување на надградба и реконструкција на граничниот премин Деве Баир
-
Утре литургија во соборниот храм ,,Св. Климент Охридски” по повод 25 годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан
-
Најмногу дожд наврнат во Пожаране и Лазарополе
-
ЦУК: 2 028 повици изминатото деноноќие, три пожари на отворено
-
Приоритет на Владата е поддршка на македонското земјоделство: Историски највисока цена за грозјето, исплатени заостанати плати и субвенции