Осум од 11 возачи лишени од слобода за безобѕирно управување возило, управувале возило без возачка дозвола

На територија на државата, полициските службеници вчера лишиле од слобода 11 возачи, од кои осум за управување возило без возачка дозвола, двајца за управување на возило и покрај тоа што имале активна забрана и еден за возење под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Најмногу возачи се лишени на подрачјето на СВР Охрид - пет, додека на подрачјата на СВР Скопје, СВР Тетово и СВР Битола се лишени по двајца возачи. Од лишените на подрачјето на СВР Охрид, тројца во Кичево биле без возачка дозвола, а еден во Кичево со активна забрана. Лишениот возач во Струга управувал возило под дејство на алкохол и со неговото возило „фолксваген голф“ предизвикал сообраќајна незгода со возило „фиат“. Двајцата лишени во Скопје и двајцата на подрачје на СВР Тетово управувале возило без возачка дозвола, како и еден од лишените возачи на подрачје на СВР Битола. Додека, вториот лишен на ова подрачје управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана, посочуваат од Министерството.
Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
МИА
Ново на Сител
-

Шпанија оди на предвремени избори, премиерот Санчез ги распиша за 29 ноември
-

Одбележување на Светската недела на вселената
-

Заврши уште едно успешно издание на ендуро трката во Делчево со рекорден број учесници и публика
-

Седници ќе одржат собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната
-

Србија/Избори 2026 - Измина рокот за доставување изборни листи
-

Жесус: Роналдo кoгa сaкa можe дa ce врaти вo репрезентацијатa
-

Сензација во АБА лигата – ФМП ја победи Црвена Звезда
-

Стартни победи за Пелистер, Кожув и Работнички
