Живот
10. October 2016 - 10:46

Осум милион евра за регистарски таблички

Индинскиот бизнисмен Балвиндер Сахани со седиште во Дубаи, регистарските таблички за автомобил со ознака „Дубаи 5“ ,на аукција ги плати 33 милиони дирхами, односно осум милиони евра.

Тој вели дека сака да собира уникатни таблички и оти е горд што победил на аукцијата.

Според весникот Хаиз Тајмс Сахани изјавил дека би платил и кога аукцијата би достигнала 50 или дури 100 милиони дирхами.

Управата за патишта и транспорт на Дубаи редовно организира аукции на регистарски таблички, кои привлекуваат милионери посебно гласни за публицитет.