Осум лица загинаа при тест-лет на американски стратешки бомбардер Б-52 што се урна веднаш по полетувањето од базата Едвардс

Сите осум лица кои се наоѓаа во американскиот бомбардер Б-52 загинаа кога авионот се урна кратко по полетувањето од воздухопловната база Едвардс во американската сојузна држава Калифорнија во понеделникот, потврдија Воздухопловните сили на САД.
– Денеска воздухопловната база Едвардс доживеа страшна трагедија и загубивме осум извонредни Американци – изјави полковникот Џејмс Хејс на прес-конференција.
Тој посочи дека надлежните се во процес на известување на семејствата на жртвите и дека дополнителни информации за загинатите ќе бидат објавени по завршувањето на таа постапка.
Американскиот производител на авиони „Боинг“ соопшти дека двајца од загинатите биле вработени во компанијата.
Хејс изјави дека летот, кој полетал доцна претпладнето во понеделникот (по локално време), бил наменет за тестирање на нов радарски систем. Според него, авионот се урнал само неколку моменти по полетувањето, а потоа се запалил.
– Во овој момент немаме никакви индикации за причините за несреќата. Не можеме да објавиме такви информации и нема да можеме да дојдеме до нив во скоро време – рече Хејс.
Претходно, Воздухопловните сили соопштија дека првичните информации укажуваат оти несреќата не оставила можност за преживување, додавајќи дека екипите за итна интервенција веднаш биле испратени на местото на падот.
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, преку социјалната мрежа Икс изрази сочувство до блиските на жртвите, нивните семејства и припадниците на Воздухопловните сили. Тој им се заблагодари и на спасувачите и на службите за итни случаи кои работат на местото на несреќата.
Од базата Едвардс преку Фејсбук соопштија дека службите за итна помош привремено го затвориле воениот аеродром и ги пренасочиле авионите што пристигнувале кон други аеродроми.
Б-52 е стратешки бомбардер со долг дострел што го користат Воздухопловните сили на САД и е способен да носи и конвенционално и нуклеарно оружје.
Воздухопловната база Едвардс се наоѓа во пустината Мохаве, на околу 100 километри северно од Лос Анџелес.
Во минатото, американската војска ја користела оваа база за тестирање на различни напредни системи, меѓу кои и стелт-дронови и авиони способни да летаат со брзина шестпати поголема од брзината на звукот.
МИА
Ново на Сител
-

Град Скопје: Се реконструира главниот мост над Маркова Река, можно отежнато одвивање на сообраќајот
-

Изгаснат пожарот на депонијата во Крива Паланка
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Грчките цариници запленија над 1.000 боци нелегален фреон, дел од нив откриени во пратка од нашата земја
-

ИЈЗ: Уживајте во летото, но водете грижа за здравјето
-

ИЈЗ со препораки за заштита на лицата постари од 65 години за време на горештините
-

„Силно светнал ден“ во Охрид: 35 години Македонија раскажани низ музика и сцена
-

Дваесет и пет години од од загинувањето на осумтемина бранители кај Љуботенски бачила
