Осум лица повредени во сообраќајка на патот Лисичани - Пласница
Во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во 23:45 часот на локалниот пат од село Лисичани кон село Пласница повредени се осум лица.
- Синоќа во 23:45 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на локалниот пат од село Лисичани за село Пласница во близина на село Лисичани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од 17-годишник од Македонски Брод и патничко возило „опел астра“ со регистарски ознаки од Македонски Брод управувано од Н.Н.(19) од село Лисичани-кичевско, се наведува во денешниот билтен на МВР.
Во несреќата, како што информираат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Н., а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и шест сопатници од двете возила, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
Ново на Сител
-
Еуроактив: Нема преговори меѓу Софија и Скопје, македонската влада сепак дава шанса на дијалогот
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат
-
Телешко месо во месарите по цена од над 800 денари за килограм, а фармерите со „кратки ракави“
-
Преглед на вестите од светот