-->
-->
Осум лица повредени во сообраќајка на патот Градско-Прилеп
-->
Осум лица се повредени во сообраќајката што се случи денеска попладне во 15 часот и 30 минути на патот Градско-Прилеп, информира портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска.
Според Стојковска, во сообраќајната несреќа меѓу два автобуса, осумте повредени лица се пренесени во Медицинскиот центар во Прилеп.
Увид на местото на несреќата извршија надлежен јавен обвинител и полициски службеници од СВР Велес.
Поради сообраќајната несреќа до 18:30 часот во прекин беше сообраќајот на патот Градско-Прилеп, кај село Фариш.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ