Осум дена притвор за двајцата браќа за нападот врз лекарот во Клиничката болница-Тетово

Судија на претходна постапка одлучи да им определи осум дена притвор на двајцата браќа за вчерашниот напад врз лекарот во кожното одделение во Клиничката болница во Тетово. Претходно тетовската полиција им поднесе кривична пријава за насилство.
Според извори во истрагата, двајцата браќа веќе се однесени на издржување на мерката притвор во Казнено-поправната установа Затвор Скопје.
-Кривичната пријава за А.Б.(43) од тетовска Голема Речица и неговиот брат Л.Б.(40 ) од Тетово е поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“, по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека на 6.9.2019 година, во периодот од 9 до 9 часот и 30 минути, на Одделението за кожни болести во Тетовската клиничка болница, физички го нападнале лекарот А.Е.(45), соопшти денес СВР Тетово.
Двајцата браќа по нападот биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово.
Ново на Сител
-

Две лица повредeни по пад на спортски авион близу Мавровската брана
-

Мицкоски: Охрабрува трендот што голем број од македонските граѓани кои одлучија да заминат, полека се враќаат
-

На 15 декември се затвора трезорот за буџетски плаќања, потврди премиерот Мицкоски
-

Едногласно, Народното собрание на Бугарија ја прифати оставката на премиерот Росен Жељазков
-

ЦУК: Мал авион падна во Мавровското Езеро, едно лице повредено
-

Граничниот премин Ники затворен за товарни возила, сообраќајот на патиштата непречен
-

Продолжи судењето против екс директорите на АМС за злоупотреба на спортски ваучери, одбраната смета дека вештачењето е парцијално
-

УХМР: Продолжува периодот на претежно сончево и тивко време
