Македонија
11. September 2015 - 20:20

Осудените за Монструм бараат ослободување

На јавна седница во Апелацискиот Суд во Скопје , повеќе од четири часа се читаше пресудата  за петкратното убиство на Смилковското езеро. Во судот се појавија сите повикани, освен осудените кои се недостапни Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се наоѓаат во Косово, на издржување казна затвор за нелегално поседување огнено оружје.

Јавната седница ја раководеше актуелната претседателка на судот Лилјана Ивановска – Шопова, а Зоран Димитревски како судија-известител ја прочита првостепената пресуда која за петкратното убиство ја изрече Основниот Суд Скопје 1, а со која шестмина обвинети беа осудени на казни доживотен затвор, а обвинетиот Сејди Рами, поради недостаток на докази беше ослободен.

Судот во изрекувањето на пресудата ги зел во предвид материјалните докази, но и исказите на сестрата на убиениот Александар Накевски, исказите на неколкумина Роми кои биле на Смилковското езеро непосредно пред убиството, како и исказот на обвинетиот Хаки Азири кој го даде во истражната постапка.

Според адвокатот на обвинетите Насер Рауфи клучен момент во жалбата очекува да бидат посочените докази дека патничкото возило опел омега, кое е посочено во доказниот материја воопшто не било на тоа место.

Ѓорѓи Настевски еден од адвокатите кои беа дел од одбраната на обвинетите се осврна на повредата на кривичниот закон што СПОРЕД НЕГО  ја има направено првостепениот суд.

Споре досегашното искуство, одлуката од второстепениот суд се очекува да биде соопштена за два месеци.

Петкратното убиство кај Смилковското езеро беше извршено на 12 април 2012 година. Околу 20 часот од непосредна близина застрелани беа Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски, Александар Накевски, Филип Славковски и Борче Стевковски. За убиството беа обвинети Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и неговиот брат Агим Исмаиловиќ, Фези Азири и Сејди Рами, а Хаки Азири беше обвинет за помагање во тероризам.