Балкан
15. November 2016 - 14:37

Осудена свекрвата на убиената пејачка Јелена Марјановиќ

Свекрвата на убиената пејачка Јелена Марјановиќ - Зорица Марјановиќ осудена е денеска на условна казна од три месеци затвор поради бавење со надрилекарство.
 
Портпаролот на обвинителството изјавил дека во текот на сослушувањето Зорица ја признала вината и се договорила со обвинителството за признавање на кривичното дело за условна казна од три години затвор со перид на проверка од една година.
 
Овој договор е прифатен од Првиот основен суд во Белград.
 
Инаку кривично дело, лекување без соодветна квалификација - надрилекарство, се казнува со парична казна или затвор до три години.