Осуден педофил се самозапали и се обиде да го разнесе судот во Битола
67 годишниот Н.М. од Битола наместо денес да се јави во Идризово за издржување затворска казна за полов напад врз дете, утрово околу три часот по полноќ се самозапали и со автомобилот удри во зградата на Основниот суд во Битола. Според полицискиот увид, педофилот во возилото имал неколку плински боци со отворен вентил кои за среќа не експлодирале во моментот кога со своето Ауди 4 удрил во столбот на судската зграда.
Дежурниот судски полицаец успеал да го извлече лицето од возилото, по што било итно префрлено во Клиничката болница во Битола.
Битолската полиција против лицето Н.М. ќе поднесе кривична пријава за Предизвикување општа опасност. Инаку, името на педофилот кој од денес требало да издржува 10,5 - годишна казна затвор за полов напад врз дете помало од 14 години, не се наоѓа во Регистерот на педофили. Таму во моментов има други 11 лица од Битола.
-
Методија Куновски
Сите содржини од овој новинар
