Живот
29. јуни 2017 - 17:24

Остров во Европа познат како разврат: Гледав парови како имаат секс на улица и луѓе умираа секој ден

Магалуф е одморалиште на Мајорка кое е посебно популарно меѓу младите Британци. Сепак, таму често доаѓаат и млади Руси, Германци и Скандинавци желни за луд провод и разуздани забави.

Локалното население често се жали дека Магалуф им го уништува угледот бидејќи со години е познат по дивото однесување на туристите кои голи се шетаат по улиците, а неретко и имаат сека сред бел ден на плажите. Не е потребно посебно да се нагласува дека навечер улиците на Магалуф се полни со дрогирани и пијани туристи кои неретко преспиваат надвор од апартманите, а другиот ден продолжуваат со активностите од претходната вечер.

Сувенирите кои можат да се пронајдат на Магалуф немаат мотиви од плажи, туку натписи како „Сакам ку*ви“ или „Сакам орален секс“, а проститутките можат да се видат на секој чекор.

Одмаралиштето стана посебно интересно за јавноста откако на интернет се појави снимка од млада Британка која сексуално задоволува дури 20 мажи во замена за бесплатен пијалак.

Британските медиуми биле згрозени од приказната, а Магалуф по тоа се стекнал со лоша репутација меѓу постарите Британци, а уште попопуларен меѓу младите. 

Британски Дејли Меил направи репортажа за Магалуф во која прикажаа како изгледаат улиците на тоа одмаралиште навечер. Полуголи девојки во гаќички, голем број пијани туристи онесвестени по улиците, Бразата помош и полициските патроли се секојдневие во оваа европска Содома и Гомора, како што често ја нарекуваат.

Како тоа изгледа во реалноста, погледнете во видеата.