Македонија
21. September 2017 - 17:28

Остра расправа по Законот за јазици

Антонио Милошоски и Талат Џафери во жестока расправа за работа на градоначалникот Бејта. Искрите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во собраниската расправа за законот за јазици денеска кулминираа во меѓусебни пратенички дуели за тоа која партија повеќе работи за интересите на Албанците и дали зад овој закон актуелното владејчако мнозинство на Заев и Ахмети не си ги кријат коруптивните афери на своите функционери.

- Без разлика дали некој гласач е Македонец, Албанец, Турчин, Влав прашувам  кој Кавадарчанец има потреба од овој закон. Но за законот има потреба Анѓушев за да фрли магла дека Фени се затвора. Или кој Гостиварец има потреба од овој закон. Обичниот Гостиварец има потреба од работно место и него го наоѓа во двата трговски  центри во сопственост на Невзат Бејта. Не Албанците туку Бејта има потреба од овој закон за да крене магла за да не се види колку се збогатил, за да не се слушне за постапката која се води против него оти изградил пат без тендер. По една година откако го изгради патот објави тендер кој го доби фирмата која веќе го изградила патот. Бејта работел незаконски, изјави Антонио Милошоски.

По ова, иако како контрареплика требаше да одговори пратеничката Авировиќ, остро реагираше Џафери. Се повика на тоа дека бил гостиварчанец и како таков има право да одговори на Милошоски.

-Таа улица и пат Бејта ниту ги направи во Форино , каде живеам јас, ни во Дуф , каде живее Бејта, туку во село Тумчевиште, каде живеат Македонци. Ти не си го доживеал фактот да работиш и да се дружиш со Албанците, освен во политиката. Прашај во Тумчевиште со кого ги гасеа пожарите во Чегране. Продолжете така да се однесувате кон Албанците и продлабочете го тој јаз, тоа е ваше паво. Ви препорачувам да ја прочитате последната книгата на Стојан Андов за улогата на Албанците за приемот на Македонија ви Обединетите  нации, изјави Џафери.

Претходно директен дуел имаа и Авриовиќ со коориднаторот на СДСМ Тунтев околу тоа дали овој закон се коиристи за предизборен маректинг од власта или опозицијата.

- Ова е само прво читање, само се утврдува потреба за донесувањ ена овој закон, следи амандманска расправа, следи јавна расправ и нема да се донесе до избори, а вие го користите како предизборен маркетинг, изјави Тунев.

- г. Тунтев, вас уште не ви кажал, уште не знаете дека овој закон е договорен за да можете да договорите колиции за градоначланици, изјави Авировиќ.

И денеска од списокот пријавени за збор помина само еден говорник Авриовиќ, се друго беше реплики и контрареплики главно од опозцијата за противуставноста на овој закон или пак за злаупотребата на европскиот предзнак. На список се уште чекаат 40-тина пратеници.