Останува одлуката на Синодот на МПЦ-ОА за црковните општини во Австралија

Ставот на Светскиот архиерејски синод на МПЦ-ОА кој се однесува на верниците во Австралија е донесен едногласно. Црковните општини со расчинетите свештеници не ги почитуваат црковните канони и одлуките на САС, изјави денеска митрополитот Преспанско-пелагонски и администатор Австралиско-новозеландски г. Петар.
На прес-конференцијата на која ја образложи одлуката на САС за повторување на обредите за крштевки, венчавки и погреби бидејќи тие се извршени од страна на расчинети свештеници, митрополитот Петар рече дека пет црковни општини од Австралија целосно ги суспендирале црковните закони и оти нивната цел е да формираат т.н. компаниски општини со кои ќе управуваат.
- Имаме пет општини кои никогаш не прифатиле ниту јурисдикција на МПЦ, ниту правилници одобрени од САС, ниту Устав на МПЦ. Ништо не прифаќаат, а се сметаат дека се првите општини во епархијата. Синодот првпат пресече дека ќе се решаваат проблемите на МПЦ во Австралија согласно со светите канони, Уставот на МПЦ и прописите. Досега ако се толерираа одредени работи тоа се правеше со цел да се утврди кој е виновникот бидејќи цело време се велеше дека митролитот Петар и оној којшто ги прави проблемите. Ако јас ги правев проблемите, тогаш немаше кај мене да останат 11 црковни општини со цркви и уште други шест кои немаат цркви, истакна митрополитот Петар.
Светскиот архиерејски синод при МПЦ донесе одлука со која заклучно до 30 септември следната година треба да се повторат обредите за крштевки, венчавки и погреби бидејќи верниците биле измамени. До 30 септември следната година ваквите обреди ќе се извршуваат бесплатно.
Ново на Сител
-

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
-

Уапсен полицаец во Делчево кој возел без положен возачки испит, возилото одземено
-

Во две сообраќајни несреќи тешко повредени три лица, двајца малолетници и еден велосипедист
-

Медведев: Ситуацијата е многу опасна, не може да се исклучи глобален судир
-

Влада: Не знаеме кого Трендафилов чекал во празна сала, средбата помеѓу премиерот Мицкоски и претставниците на УПОЗ е закажана за четврток
-

Ѓоковиќ: Ќе се вратам на АО, но дали ќе ме видите тука како активен играч, времето ќе покаже
-

Дизел горивата поскапуваат за половина денар
-

Аудито на Мерко од 67.000 евра оди на надавање, почетна цена 10.000 евра
