Осомничениот за убиството на Данка Илиќ во обвинителството негираше вина
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар, Срѓан Ј. , осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ, денеска целосно го негирал извршувањето на делото, јавија српските медиуми.
Неговиот распит започна околу 10 часот и траел три часа, по што полициските службеници го извадиле осомничениот од обвинителството и го однеле со полициско возило.
Адвокатот Живадин Богдановиќ, бранител на осомничениот, пред присутните новинари изјави дека во договор со неговиот клиент нема да го коментира денешното рочиште. Срѓан Ј.
по приведувањето се бранеше со молчење, односно го искористи законското право да не дава одбрана, додека другиот обвинет Дејан Д. го призна убиството.
Двајцата се во притвор, додека таткото на Дејан Д. , осомничен дека му помагал на синот да го премести телото на девојчето, неодамна е пуштен од притвор.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско Поле кај Бор.
Ново на Сител
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени
-
Фатен малолетник со нож на Бит Пазар, поднесена пријава
-
Вардар ја засили дефанзивата со Словакот Михаил Пинтер