ОСОМНИЧЕН

Loading Video...

Две момчиња и две семејства. Едното момче, Каан, израснато во скромна, среќна и едноставна средина. Другото, Ефе, во раскош и богатство, покрај родители кои се караат пред неговите очи, па затоа единствен излез и пријател, момчето гледа во компјутерските игри и виртуелниот свет кои за момент го одвојуваат од реалноста.

Патиштата на двете семејства се спојуваат откако ќе се случи една голема трагедија. Каан е убиен, а Ефе обвинет за таа трагедија. Зошто се случило тоа, што натера едно дете да убие друго дете и на тој начин да ги уништи животите на сите околу него? Што се случува во детскиот ум во ова денешно време невреме?

Оваа траума никого нема да поштеди затоа што допрва следува емотивна и трогателна истрага која треба да ги открие мотивите за убиството и да го казни злосторникот. Низ целата таа истрага, сите ликови ќе мора да ги изнесат на виделина своите тајни и своите слаби страни за да ја разберат трагедијата и да излезат од кошмарот кој им се случува.