Основното училиште „Ванчо Прќе“ во Штип доби донација од Амбасадата на Германија
Амбасадата на Германија донираше средства за опремување на пет кабинети со надгледни средства за предметна настава во Општинското основно училиште „Ванчо Прќе“ во Штип.
Шефот на администрацијата во Амбасадата на Германија, Сузане Хердерих, која денеска го посети училиштето, изјави дека секоја година поддржуваат проекти со мали грантови.
- Се работи за опремување на пет кабинети по предметите хемија, биологија, математика, физика и географија. Проект со којшто бенефит ќе имаат директно 1.200 ученици кои учат во ова училиште. Многу сме среќни што се набавија надгледни средства со коишто ќе се обезбедува квалитетна настава, а со самото тоа проектот е долго одржлив, истакна Хердерих.
Директорката на училиштето Весна Ничева изјави дека од страна на Германската амбасада добиени се 3.000 евра грант за опремување на кабинетите, а како училиште со помош на Општина Штип имаат и сопствено учество во проектот.
- Нашето сопствено учество беше промена на училишните столчиња, односно замена на плотни и седишта, додека останатиот дел односно обезбедувањето на надгледни средства и помагала е поддршка од Германската амбасада, рече Ничева.
Според штипскиот градоначалник Илчо Захариев, со оваа донација учениците и наставниците од ООУ „Ванчо Прќе“ ќе добијат поквалитетна настава по петте предмети.
Наставничката по биологија Грозданка Јорданова оцени дека со донацијата комплетно е опремен кабинетот по биологија со надгледни средства кои ќе им помагаат на учениците во изведувањето на наставата. Таа изрази посебна благодарност за електронскиот микропскоп, со кој учениците ќе можат полесно да истражуваат.
Ново на Сител
-
Милановиќ: Ниту една држава веќе нема да влезе во ЕУ, можеби само Црна Гора
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница
-
Миле Тодоров кој исчезна во јануари, виден кај планината Серта
-
Тепачка за имот во с.Кадино, се пресметале 83-годишник и 65-годишна жена
-
Исчезнатиот Миле забележан на Серта: Исцрпен и ослабнат, побегнал во шумата кога му се обратиле!
-
Поднесено обвинение за убиство при семејно насилство во Кавадарци
-
Димитриеска Кочоска: Досега од буџетот се обезбедени 30 милиони денари за настраданите во Кочани, а исплатени се 11,2 милиони
-
Славески: Ќе ја оправдам довербата, а оние кои имаат забелешки ќе ги убедам дека Народна банка била и ќе остане неазависна